Сода бикарбоната е позната по широката употреба во домаќинството, но и во медицински цели.

Онa што многумина го сметаат за „чистa“ состојка се продава во аптеките по многу повисоки цени од „обичната“ сода бикарбона што можете да ја најдете во локалните продавници, спакувана во вреќи.

Во јавноста постои уверување дека обичната сода бикарбона содржи алуминиум во кесите. Но тоа е заблуда.

Но дали навистина има разлики во содата бикарбона што ја купуваме во продавницата во однос на онаа што ја купуваме во аптека?

Во сода бикарбона нема алуминиум, тоа едноставно можете да го заклучите врз основа на хемиската формула на ова соединение – вели за српски Телеграф професорката по хемија Ивана Лаутаревиќ.

Таа објаснува дека натриум бикарбонат, сода-бикарбонат или натриум бикарбонат чија формула е NaHCO3 е соединение во кое апсолутно нема алуминиум, што може да се види од хемиските елементи, но и од реакцијата со која се формира.

Сода бикарбона се добива со хемиска реакција, а процесот на формирање се нарекува Солвеј процес: NH3 + CO2 + H2O → NH4HCO3, а потоа NH4HCO3 се соединува со натриум хлорид и се добива: NH4HCO3 + NaCl → NaHCO3 + NH4Cl.

Во оваа реакција никаде нема алуминиум, чиј хемиски симбол е Ал – објаснува професорката по хемија.

Таа наведува дека тоа повеќе личи на заблуда, што е и маркетиншки трик.