Со цел витамините и минералите што ги земате да го зајакнат вашиот имунитет и да го подобрат вашето здравје навистина да функционираат, важно е да ги земате во вистинско време од денот, бидејќи токму тогаш нивната апсорпција е најдобра.
Исто така, докажано е дека некои работат подобро на празен стомак, додека други се земаат исклучиво со храна, а некои комбинации на витамини и минерали може да ја забават апсорпцијата, додека други им овозможуваат правилно да работат во организмот, пишува Express.hr .
Лекарите напоменуваат дека суплементите не треба да ги земате самоиницијативно, туку во консултација со стручно лице и по анализи кои укажуваат на нивниот недостаток.
Витамини земени наутро
Витаминот Б12 најдобро се зема на празен стомак со витамин Б1 и бакар. Витаминот Б12 го стимулира производството на енергија и затоа треба да се зема наутро на празен стомак. Покрај тоа, утрото е време за земање витамин Ц, кој може да се зема со витамините Б12, Е и А.
Додатокот на железо се зема и наутро, но со храна, за да не „падне“ силно на стомакот, но важно е да не се зема во комбинација со цинк, витамин Е, манган или калциум.
Попладне
Во тоа време, витамините мора да се земаат со храна. Се препорачува потоа да земате цинк, по можност во комбинација со витамините А, Ц и Б12.
Ако земате цинк, избегнувајте да земате железо и витамин Б9. Витаминот А треба да се зема и напладне, по можност со витамини Ц и Е, како и цинк.