Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.

Како што прогнозира УХМР, до понеделник времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

ИЗВОРФокусот
претходниот член,Невработеноста се намалува фиктивно, луѓето се бришат од список или се отселуваат!
Следната статијаДали знаете го знаете точниот распоред за пиење витамини?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде