Чајот од камилица се сметал како смирувачка билка со векови. Дали чајот од камилица навистина ни помага полесно да заспиеме?
Камилица пред спиење?
Чајот од камилица е одличен избор за пиење пред спиење.
Покрај пријатен ароматичен вкус и недостаток на кофеин, тој има и одлична медицинска употреба и е познат по тоа што предизвикува релаксација.
Не е изненадувачки што камилицата е еден од клучните чаеви за пријатен и убав сон.
Откриени се над 120 хемиски елементи во камилицата, вклучувајќи го и антиоксидантот апигенин, кој помага да се врзат рецепторите во мозокот кои промовираат поспаност и ја намалуваат несоницата.
Најдобро е да пиете чај околу еден час пред спиење. Би било идеално да уживате во шолја чај без присуство на техника околу нас што предизвикува подолго чувство на будност.