Иако парчињата во посмирени и пастелни бои најчесто се носат во текот на есента и зимата, ова можеби нема да биде случај оваа година.

Многу познати модни куќи лансираа колекции кои се шарени и доминираат цветни дезени.

Сепак, за разлика од она што се носи кога доаѓа пролетта и летото, цветниот принт за есен и зима е малку поинаков.

Ова се обично рози, или слични поголеми цветови кои се наоѓаат на потемни, црни или темно сини позадини, и се претежно силни бои како црвена, кралско сина, смарагдно зелена и сенф жолта.

За овие дизајни важи едно правило – колку повеќе шарени, толку подобро.

Панталони, капут, миди здолништа, кратки фустани и трепетливи блузи со цветни дезени ќе ја одбележат оваа есен.

Не можете да претерате кога станува збор за комбинирање, а во ваква шема ќе бидете забележани каде и да се појавите.