Центарот за управување со кризи со апел до граѓаните да ја почитуваат целосната забрана за движење низ шумските предели, донесена неодамна.

Доколку граѓаните забележат чад или пожар во близина, задожително да ги алармираат пожарникарските служби со телефонско пријавување на 193.

Во моментот постои висок ризик од создавање на пожари, поради што надлежните апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при ракување со отпадоци, отпушоци или палење на оган за скара.

Во моментот активни жаришта има во Струмичкиот, Штипскиот, Велешкиот, Овчеполскиот, Битолскиот, Тетовскиот и Скопскиот регион.

Единствено пожарите низ Кумановскиот регион се ставени под контрола и целосно угаснати во текот на вчерашниот ден.