Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР-тест на ковид-19.

Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР-тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан –Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово и Албанија.

Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.