Катерина Крстевска, необична девојка, сопственичка на најголем број дипломи во Македонија. Скоро нема област од економијата која не ја знае до детали. Но иако има 33 уверенија од формално образование, вели дека никогаш нема да застане да се образува. Неодамна завршила и курс за примена на алатките од ВИ во економијата.
Во утрешната емисија „Мој збор“ на ТВ 24 гостува токму Крстевска, меѓудругото таа раскажува и како духовноста ѝ го променила животот. Цела недела го сонувала ликот на светецот св. Василсиј Острошки и одлучила да појде во манастирот, при посетата доживеала неверојатно духовно искуство кое засекогаш ја променило нејзината перцепција на работите.
Отогаш секоја година ја слави токму славата – денот посветен на св. Василиј Острошки. Меѓудругото се нарекува и светски патник ги посетила скоро сите Светски чуда, присуствувала на бројни литии, литургии, се причествувала и постојано е во потрага по нови искуства. Тие ја чинат уникатна. А за своите анегдоти при патувањата Крстевска ракажува во новата емисија „Мој збор“ која се емитува во недела во 12.45 на ТВ24.















