Артичока (Cynara scolimud) — хранлива билка од фамилијата Главоцветни. Артичоките потекнуваат од Средоземјето и како растение се одгледува за прехрана и во медицински цели, бидејќи од сушените листови и делови од стеблото се прави чај.

Младите главички се користат во исхраната, така што се варат и се јадат како зеленчук со различни сосови, а од сувата артичока може да се прави супа.

Името Артичока доаѓа од арапскиот збор ardi-shoki. Се смета дека потекнува од Јужна Европа и Медитеранот, иако вистинското место му е непознато.

Одгледувана е уште во Стара Грција, и е преземена од Римјаните. Во исламскиот свет се одгледувала во Магреб. Распространета е по Австралија, САД, Средна Америка, Јужна Америка, Јужна Африка. Најчестиот светски производител е Италија.

Артичоките спаѓаат во редот на зеленчуци со најголема количина на антиоксиданти, и можат да помагнат при дигестија, јакнење на функцијата на црниот дроб и јакнење на функцијата на жолчната кеса.