Тврдењето на Бугарите е дека, во Коминтерната дошол некој Недељковиќ, кој во доминантно бугарско движење за ослободување, ја внел тезата дека Македонците се доволно различен народ и култура од Бугарите и дека тие формираат национално единство. И замислете народот магично му поверувал на еден Недељковиќ, а не им верувале на 99% од членови на организацијата кои велеле дека народот е бугарски.
Пошто ние стварно немаме национална свест и ако еден поединец ни протне теза дека сега ние сме Бугари, од нашата позната лаковерност НИЕ ЌЕ МУ ПОВЕРУВАМЕ дека сме Бугари.
Буквално секој поединец кој има некаква своја теза за потеклото на македонскиот народ може нас тукутака да ни каже кои сме ние. Смешно е.
Немам јас никаков проблем наследниците на истакнати борци на МРО да се декларираат сега како Бугари. Ниту тоа што дел од тие истакнати борци во своите преписки се насловувале себе како Бугарин, ако е тоа факт тој треба да се прифати. Јас навистина немам ништо заедничко со голем број од нив, ниту можам претерано да се идетификувам со брадести мажи кои за своите идеали се бореле на насилен начин.
Бугарското малцинство во Македонија е факт. Никој не ни е виновен што фиоки испокршивме да најдеме некоја крштеница од баба, дедо со презиме на ОВ да докажеме дека сме Бугари и да добиеме бугарски пасош.
Поради тие луѓе, кои во суштина добро знаат дека не се Бугари и се срамат од таа своја постапка, не треба да ги трпиме последиците како колективитет, нека се бројат во бугарското малцинство во Уставот, па нив нека им служи на чест на сите поединечно.
Нема ја сега да се расправам дали се они Бугари или Македонци бидејќи го доживувам тој нивен гест како атак на МОЈОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ. Јас знам што сум и имам право на самоопределување, никој особено не во 21 век нема да ме натера да се докажувам.
Исто така, една од тезите на Бугарите е дека Србите сакале да ги сепарираат Македонците од Бугарите бидејќи сакале да ја ослабат силната бугарска држава. Кога ќе кажете дека соседите се соединиле во балканските војни да ја окупираат етничка Македонија која има најубава местоположба на Балканот, најповолна клима и т.н. тоа е национализам и мит. А не е мит дека бугарската држава е некој титан на Балканот. Што е многу многу далеку од вистината.
Внимавајте и на говорот на Петков. Тој во своето обраќање не зборува за Македонци, туку за народ во Република Северна Македонија и тоа не за општи прашања како ЕУ интеграција туку за прослава на заедничка личност од историјата. Овој лукав и внимателно избран говор на Петков, доволно кажува кои се претензиите на Бугарија чие инсистирање на малцинско право не се смета за мешање во внатрешни работи на друга суверена држава. Знаете како оди правилото, ако имате непристоен гост, кој не го почитува куќниот ред, тој автоматски се брка од дома.
Никој не смее да говори за определувањето на еден народ, никој не смее да каже дека ја сум Бугарка оти не сум. Но секој смее да каже дека оној со бугарски пасош е Бугарин затоа што тој си приложил докази и си потпишал изјава. Поради таквите случаи сметам дека е полезно признавање на бугарското малцинство во Македонија. Доста веќе се криевме под тепих, секој нека си ги носи последиците од тоа што во едно време од својот живот проценил дека германската пара и бугаркиот пасош му е поважен од сопствениот идентитет.