Од навордни дипломатски извори, Антонио Милошовски откри дека Бугарија освен што ја блокирала преговарачката рамка, таа ставила блокада и на заклучоците за Македонија во кои генерално се потенцира нејзиниот напредок во евроинтегративните процеси.

Покрај другото, тој истакна и дека голем број на држави членки ја сметаат постапката на Бугарија за погрешна, но дека оваа земја членка не е осамена во својата намера да го попречи членството на Македонија во ЕУ.

Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарските спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година. Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ. Истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно. Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник.
(дипломатски извори, Брисел)
, објави пратеникот од пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошовски