Подзаборавена торта која пред некое време беше присутна на скоро сите прослави и родендени …
Количина на состојки
- пудинг од ванила 6 кесички
- млеко 1,5 л
- шеќер 20 лажици
- кокос 200 гр
- чоколадо за готвење 200 гр
- мелена плазма 200 гр
- шлаг 300 гр
- маргарин 250 гр
Како да се подготви
Гответе го пудингот со млеко и шеќер. Кога ќе се излади, комбинирајте го со еден изматен маргарин.
Поделете ја смесата на три дела. Ставете ја плазмата во првиот дел, кокосот во средниот дел, растопеното чоколадо во третиот дел.
Изматете ја глазурата и филувајте!