Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај на ковид-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.

Од 41 новозаболен, од Скопје се 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.

Починатото лице е од Кичево (89г). Починало во болнички услови.

Од 457 оздравени пациенти од Скопје се 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.