Главниот кандидат за нов бразилски претседател Луис Игнасио Лула да Силва изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски сноси дел од одговорноста за војната во неговата земја бидејќи повеќе не преговарал со Русија.

Тој човек е одговорен за војната како Путин. Претседателот на Украина можеше да каже: Да престанеме да зборуваме за НАТО алијансата, за влез во ЕУ, за некое време. „Прво да разговараме малку“, изјави Лула за магазинот „Тајм“.

Лула (76) ги критикуваше западните лидери за неуспехот да ја спречат војната во Источна Европа, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, за кого верува дека „можел да одлета во Москва за да разговара“ со Путин.

ИЗВОРНовости
претходниот член,Сончево и потопло време, но не изглегувајте без чадор!
Следната статијаМладите луѓе од Источна Македонија излезот од тешката економска состојба го гледаат во емиграција

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде