Нема да се ожениш сo неа само за да имаш деца. Само да ти зготви ручек. И не само да имаш чисти панталони секој ден.
Не очекуваш таа, насилно, да ги почитува сите твои роднини додека тие по неа фрлаат со камења.
Каменото доба заврши. Ако ја почитуваат, тогаш и таа ќе ги почитува.
Не ја венчаш само за да се ожениш, па два дена по свадбата ја фрлаш во кујната затоа што таму и припаѓа.
Се жениш сo неа за да ја сакаш. Почитуваш. За да доживеш старост со некого, да се грижите заедно за внуците, со некого да изградиш живот, да споделуваш, да сонуваш, да веруваш, со некого да создадеш дом.
Не е предуслов за секој брак жената да биде робинка.
Мажот треба да го заслужи тоа. И чиста долна облека и топол ручек и чиста куќа. Не е дека е жена, домаќинка, кралица, слугинка, воспитувачка додека него го нема никаде. Исчезнува на мапата, дури и од земјината топка. Му вртиш … не, го нема.
Кога ќе ви го испружи грбот и ќе ви каже дека секогаш можете да се потпрете на него, вие му ја давате вашата душа и се што оди со неа.
Бракот, добриот брак е место каде живеат двајца луѓе кои се почитуваат, веруваат, ценат, не робуваат, двајца што ставаат се што е добро во вреќата на животот и заедно го победуваат злото.
Кога таа не може, тој може, кога него му е доста од се, таа може да му покаже дека има сила за повеќе војни.
Взаемната поддршка гради цврсти ѕидови кои ја одржуваат љубовта на двајца луѓе до крајот на нивниот живот.