Албанија, речиси во текот на целата календарска година ја посетуваат странски туристи, но летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае пет месеци.
Од сите туристички места во Албанија за македонските туристи најпривлечни се: Валона, Драч и Ксамил.

Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се охрабрувачки. Се очекуваат над 20 отсто повеќе туристи споредено со минатата година.

Ако лани имало 5,6 милиони сега очекуваме над шест милиони, што е враќање на бројката пред пандемијата, односно 2019 година, која беше најдобра туристичка година, оценуваат туроператорите.

Што се однесува до цените во хотелите тие се за 50 отсто повисоки поради светската енергетска криза, растот на цените на сите прехранбени производи, горивата.

Тоа пак влијае на бројот на деновите на престој. За разлика од претходните години ако еден турист во просек престојувал по седум дена сега резервациите се за четири дена.