Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи информира дека продолжува комуникацијата помеѓу Скопје и Софија и дека македонската страна е одлучна во изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија во спорот со Бугарија.

Од друга страна премиерот на Бугарија, Бојко Борисов се надева дека решение за бугарско-македонскиот спор ќе има веќе следната година.

Усвојување на преговарачката рамка за проширување на ЕУ во однос на земјите од Западен Балкан, Македонија и Албанија беше блокирана од Бугарија која го искористи правото на вето како дражава членка на ЕУ, а заклучоците за блокирање на преговарачката рамка од Бугарија потем беа блокирани од Словачка и Чешка.

Словачка и Чешка најдоа примедба за делот „погрешно толкување на историските факти“ како една од главните причини за спречување на членството на Македонија во Унијата од страна на Бугарија.