Двете фармацевтски компании „Фајзер“ и „Бионтех“ вложуваат во истражување на ефикасноста и нус појавите од нивната вакцина.

Фокусот на истражувањето ќе бидат бремените жени и доилките, особено бидејќи тие се наоѓаат во поголем ризик да развијат тешка клиничка слика доколку се заразат со коронавирусот.

Во текот на бременоста и доењето имунитетот кај жената опаѓа, а со тоа е ослабнат и нејзиниот капацитет за борба против вирусот.

Поради ризичноста на групата, овие две фармацевтски компании ќе истражуваат дали вакцината може да се примени и за бремените жени и доилките.

На тој начин, жените ќе се осигураат дека по примање на вакцината може да одржат здрава и безбедна бременост.