Дали се чувствувате уморни, ве боли стомакот, ви е ослабен имунитетот? Едно овошје може да ги реши сите три проблеми, еве како?!

Веќе знаете дека во нашето тело живеат добри и лоши бактерии. Повеќето од нив се во дигестивниот систем. Кога ќе се наруши рамнотежата на здравите бактерии, се јавува состојба наречена дисбиоза.

Добрите бактерии умираат, а лошите се размножуваат.

Дисбиозата потоа предизвикува хронично воспаление кое дополнително води до цревни заболувања, срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, па дури и го зголемува ризикот од најсериозните болести како што е ракот.

Без здрави бактерии, интегритетот на клетките низ дигестивниот систем е нарушен. А кога тоа ќе се случи, телото го „гори“ имунолошкиот одговор, кој е прекумерен, што доведува до хронично воспаление.

Бананите се полни со растворливи влакна, кои служат како пребиотичко гориво за нашето тело. Пребиотиците ги користат бактериите за извршување на цела низа функции во дигестивниот систем и имунолошкиот систем, вели диететичарот Сали Твелман.

Бананите се полни со пребиотски влакна, со кои се хранат нашите добри бактерии. Секој пат кога внесувате банана, сте направиле добро дело за вашиот микробиом.