Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од 22 часот, предупредуваат експертите, критикувајќи ја одлуката на Кризниот штаб и Владата на Србија, која стапи на сила вчера во 22 часот.

На 10 октомври Србија надмина милион регистрирани случаи од почетокот на пандемијата, а во последните денови има повеќе од 50 смртни случаи и шест до осум илјади нови инфекции дневно.

– Ситуацијата е трагична, ужасна, катастрофална. Секој ден има речиси 8.000 заразени. Таа бројка не паѓа значително. Осцилациите од неколку стотина или илјада новозаразени не значат ништо – предупреди вирологот и микробиолог Миланко Шеклер во утринската програма на РТС.

Шеклер рече дека овој вид пропусници не постои никаде во светот и дека мерката е бесмислена поради фактот што невакцинираните гости можат да влезат во рестораните, клубовите и кафулињата до 22 часот, кога започнува проверката на пропусниците.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ, исто така, тврди дека воведувањето на пропусниците на начинот на кој тоа го направиле српските власти е симболична мерка што нема да влијае на инциденцата на болеста.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Што се случува во нашето тело ако две недели не конзумирате шеќер?
Следната статијаПредности на овошниот сок пред другите видови пијалоци

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде