Атанаско Ѓорѓиев е член на Здружение за унапредување на националната култура „Диверзиум“ од Скопје. Тој секојдневно е вклучен во процесот на интеграција на старите лица во општеството и се залага за поголема видливост на старите лица и нивното значење за заедницата.
Во интервјуто за Мој збор Ѓорѓиев ни откри каков е односот на општеството кон старите лица, кој е одговорен да се грижи за унапредување на нивните права, кои потреби ги имаат овие луѓе и колку се значајни за опстанокот на заедницата.
Со кои проблеми најчесто се соочуваат старите лица? Дали старо лице како придавка е синоним за општествена дезинтеграција на оваа категорија?
Ѓорѓиев: Најчесто кога се мисли на старо лице, покрај физичките карактеристики со кои се стекнува во текот на животот, еден од клучните елементи е од кога станува пензионер. Најчестиот проблем со кој се соочуваат постарите лица е одкога ќе станат пензионери како да го изгубиле идентитетот, затоа што се испоистоветувват со работата или звањето кое го имале претходно.
Дали употребата на придавката „стар/а/о“ е причина за стигматизација, стереотипизација во негативна смисла и етикетизација на едно лице?
Ѓорѓиев: Кога станува збор за тоа дали треба да ја користиме придавката „стар“ за да опишeме едно постаро лице и дали тоа придонесува до стигматизирање.
Јас воопшто не мислам дека со тоа што ќе го смениме начинот на кој ја опишуваме една личност или една состојба, дека на тој начин ќе го решиме и проблемот кој го носи. Не е зборот стар сам по себе лош, како и било кој збор воопшто, битна е намерата позади тој збор.
Дали постојат законски одредби кои предвидуваат заштита на старите лица? И дали сметаш дека многу почесто се зборува за права на детето, права на жената, права на ЛГБТ популацијата во јавноста одошто за правата на старите лица?
Ѓорѓиев: Законски мерки за социална заштита на стари лица, нудат домашна нега во згрижувачко семејство, дури и кога лицето живее во семејство. Потоа, вклучува право на дневно сместување во згрижувачко семесјтсво, а оттука згрижувачкото семејство се стекнува со надоместок за трошоци за сместување и надоместок за згрижување.
А за тоа дали треба да зборуваме за права на старите лица како што се во случајот: права на жената, права на ЛГБТ заедницата, права на детето итн. Како прво секоја од групите која ги наведов во еден период ќе припаѓаат во групата за која дискутираме денес, односно сите ќе остариме независно од тоа како се чувствуваме, а од друга страна и просекот на старост расте што значи дека како заедница се повеќе ќе имаме постари лица, така што и тоа како треба да зборуваме за правата на старите лица и нивната положба во општеството.
Дали сметаш дека постои злоупотреба на старите лица во смисла на нивна екслоатација за работа на домашни работи кои се неплатени, а со тоа и помалку ценети? Дали сметаш дека чести се финансиските злоупотреби на старите лица со што семејствата наместо приоретизирање на потребите на старото лице?
Ѓорѓиев: За жал чест случај е да старите лица биваат злоупотребувани во смисла не се гледаат како родителите со кои пораснавме, туку како извор на средства, земање на пензијата, исто така се омоловажувани, па дури и физички повредени, за кој пример мислам сите сме го забележале во секојдневието, а тие елементи ја потенцираат нужноста за да зборуваме за права на старите лица и како да ги заштитиме.
Во главно тоа што мислам дека придонесува да ги запоставуваме постарите лица, е тоа што не сме го почувствувале тој дел од животот, како е да се биде стар, ние не знаеме како се чувствуваат тие луѓе низ кои емоции минуваат, каква цел би можеле да имаат во фаза каде што се приближуваат до крајот на овој еден живот што го имаме.
Како претставник на здружение кое се занимава со заштита и грижа за старите лица, што сметаш дека може секој поединец да направи за овие лица и како да придонесеме секој поединечно да им обезбедиме поголемо достоинство и поголема видливост на старите лица во нашето општество?
Ѓорѓиев: Нашиот проблем со кој треба да се соочиме, е дека ние треба да создадeме простор кој ќе им овозможи на тие лица да учевствуваат во општеството, затоа што животот продолжува и по пензионирање на еден човек, го живее животот исто со нас и не гледам зошто не би учевствувал во него како активен член на оваа заедница.
А, од друга страна, исто така тоа се нашите најискусни жители кои ги поминале сите стадиуми во животот, што значи ние имаме и потреба од нив, луѓе кои во добри услови би имале една поголема слика за тоа како се градиме како општество.
Интервјуто го спроведе: Магдалена Стојмановиќ