Аргентински суд, првпат во историјата на земјата, додели заедничко старателство над две кучиња, по разводот на брачен пар без деца и им одобри право на посета.

Судот во градот Сан Исидро, северно од главниот град Буенос Аирес, му додели старателство над деветгодишната мешана раса Киjара на нејзината 42-годишна сопственичка. За Попај, пак – шестгодишниот црн лабрадор, ќе се грижи неговиот 47-годишен сопственик, објави адвокатот Брајан Кнобел. Договорот за развод предвидува двајцата поранешни сопружници да можат редовно да го посетуваат другото куче кое не е во нивно старателство.

А, исто така, може и да ги размениме. Нема проблем да се сретнеме сите четворица, без разлика што сме разведени, изјави Аморина Абаској, која се разведе од сопругот по 15 години в брак.

Адвокатот истакна дека двојката ги смета кучињата за „личности кои не се луѓе, но имаат чувства“. Едно прашање сè уште останува нерешено, а тоа е исхраната – г-ѓа Абаској сака урамнотежена храна за кучиња, а нејзиниот поранешен сопруг Емануел Медина ја храни Кијара со житарки…

Во 2015 година, аргентинскиот суд пресуди дека орангутанот Сандра, која живеела сама во кафез во зоолошката градина во Буенос Аирес, има фундаментални „нечовекови“ права. Поради ова, таа беше пренесена во заштитен парк во САД.