Исто како што денес имаме софистицирани речници за разни општествени појави, предмети и мислења, така и Грците биле софистицирани кога зборувале за љубовта, препознавајќи ги нејзините шест различни типа.
- Ерос или сексуална страст
Првиот вид на љубов е ерос, именуван по грчкиот бог на плодност и ја претставува идејата за сексуална страст и желба.
Но, Грците не мислеле секогаш на ерос како на нешто позитивно, како што имаме тенденција денеска да ја претставуваме еротската љубов како позитивна.
Всушност, еросот се смета за опасна, застрашувачка, ирационална форма на љубов што може да ве запоседне. Ова гледиште го споделија и многу подоцнежни духовни мислители, како што е христијанскиот писател К. С. Луис.
- Филија или длабоко пријателство
Друг вид на љубов е филија или пријателство, што Грците го ценеле многу повеќе од основната сексуалност на еросот.
Сè е во тоа да покажете лојалност кон вашите пријатели, да се жртвувате за нив, но и да ги споделите своите емоции со нив.
- Лудус или разиграна љубов
Тоа е античка грчка идеја за разиграна љубов, која се однесува на чувството на привлечност помеѓу младите љубовници.
Сите ние го вкусивме тоа при флертување и задевање во раните фази на врската.
Но, ние исто така го живееме своето лудило кога седиме во бар смеејќи се со пријателите, или кога одиме на танц.
Социјалните норми може да се косат со овој вид несериозност кај возрасните, но малку повеќе лудило може да биде токму она што е потребно за да се зачинат нашите љубовни животи.
- Агапе или љубов кон сите
Четвртиот вид на љубов, а можеби и најрадикалниот, е агапе или несебична убов. Тоа е љубов наменета за сите луѓе, без оглед дали се членови на семејството или далечни странци.
Агапе подоцна е преведен на латински како Каритас, што е потекло на современиот збор „хуманитарец“.
К. С. Луис смета дека тоа е „дар на љубовта“, највисоката форма на христијанска љубов.
Постојат сè поголеми докази дека агапе е во опасен пад во многу земји.
Нивото на емпатија во САД нагло опадна во последните 40 години, а најголемиот пад се случи во изминатата деценија.
*Итно треба да ја оживееме нашата способност да се грижиме за луѓето.
- Прагма или долготрајна љубов
Другиот грчки поим за љубов е зрелата љубов, попозната како прагма.
На пример тоа е случај на длабоко разбирање што се развива во долгорочни брачни парови.
Прагмата е за компромиси насочени кон помагање на врската да преживее со текот на времето, покажувајќи трпеливост и толеранција.
Психоаналитичарот Ерих Фром тврди дека трошиме премногу енергија на „за заљубување“
Бидејќи околу една третина од првите бракови во САД завршуваат со развод или разделба во првите 10 години, Грците сигурно ќе почувствуваат дека треба да внесеме сериозна доза на прагма во нашите односи
- Филаутија или самољубие
Шестиот вид грчки збор за љубов е филаутија или самољубие.
Грците разликувале два вида на оваа љубов. Едната е нездрава сорта поврзана со нарцизам, каде што едно лице е опседнато само со себе и е насочено кон лична слава и богатство.
– Аристотел
Здрава верзија значи дека имате голем капацитет за љубов. Идејата е дека ако се сакате себеси и се чувствувате сигурни во себе, ќе имате доволно љубов кон себе и ќе им ја дадете на другите (како што се гледа во будистичкиот инспириран концепт за „самосочувство“).