Стресот го ослободува хормонот кортизол, а јадењето храна всушност прави да се чувствувате подобро, барем на одредено време.
Храната може да ни даде ист вид на награда и задоволство како и лековите – изјави Мелиса Мајумдар, портпарол на Академијата за исхрана и диететика. Џвакањето може да послужи и како одвраќање од се што ни тежи.
Но, конзумирањето храна за да се ослободи од стресот кога не сте гладни не е победничка стратегија.
Без разлика дали имате анксиозно растројство или се справувате со постојан стрес во вашиот живот, неколку едноставни совети можат да ви помогнат да го скротите јадењето на стрес.