Ги прашавме жените дали мажи со или без очила се посекси? А по давање на категоричниот одговор побаравме од нив да дадат објаснување.
Ви ги издвојуваме највпечатливите одговори по наш избор:
–Маж со очила има доза на сериозност и за мене е исклучително секси да видам маж кој носи очила. Секако важно ми е очилата да се добро обликувани и со мала дипотрија, вели К.М (33)
–Секако дека маж со очила е посекси, особено маж во кола со очила за сонце, за мене е сцена која остава впечаток, – објаснува А.М (43)
–Мажите кои носат очила обично потсетуваат на некој што се занимава со сериозна дејност – најверојатно професор или доктор, а жените ги возбудуваат успешни мажи, – ни одговори С.А (50)
Сепак не сите жени сметаат дека мажи со очила се секси:
–Мажи кои носат очила за сонце често ги кријат своите очи и имам проблем кога се запознавам со маж кој не ги вади очилата за сонце при поздравувањето, вели Д.Е (24)
Заклучок: Повозрасните жени одговорија афирмативно на ова прашање, додека помладите (под 30 години) дадоа во принцип одречен одговор на прашањето од анкетата.
Веројатно со возраста доаѓа и зрелоста која бара сериозност. Што е посериозна жената, толку повеќе и бара сериозност кај мажот!