Тим јапонски истражувачи предводени од професорот по фармакологија Норио Мацуки откриле дека етанолот содржан во алкохолот не помага да се заборави, како што се верува, туку напротив придонесува спомените да останат добро всадени во меморијата.

Затоа, професорот Мацуки советува да не се прибегнува кон алкохол ако некој сака да заборави некое непријатно искуство, но дека е подобро да го избришете што е можно побрзо со нешто пријатно.

Истражувачите го откриле тоа откритие со тестирање на лабораториски стаорци кои биле подложени на благ електричен удар, а потоа се вратиле во кафезот, по што, секогаш кога ќе го отвореле кафезот, глодарите би биле преплашени.

Набудувајќи ги реакциите кај група животни инјектирани со алкохол и други на кои им се дава солен раствор, истражувачите откриле дека стравот трае подолго, во просек две недели, кај стаорци кои примале алкохол.

  • Ако ги примениме овие резултати кај луѓето, тоа значи дека лошите спомени од кои сакаме да се ослободиме ќе траат подолго доколку внесуваме алкохол, иако на моменти има одредена еуфорија – истакнуваат јапонските истражувачи.