Законот за заштита на потрошувачи е дециден. Член 8 и член 9 ги предвидуваат задолжително истакнување на цената на производите и тоа на транспарентно место.

Често ви се случува да земете производ под кој означена една цена, а потоа на каса да дознаете дека цената е двојно или тројно повисока од тоа што сте го виделе на етикетата за означување на цена.

Еве што вели член 8 од Законот за заштита на потрошувачки права

-Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое
се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава.

Продажна цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки.

Цената на производот, односно услугата, мора да биде означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредена.

Цена за единица мерка е цена за еден килограм, еден литар, еден метар, еден квадратен метар или еден кубен метар производ, или за некоја друга единица за
количина која општо или вообичаено се користи при продажбата на производите.

Кај производите во рефусна состојба се истакнува само цената за единица мерка на продажното место на производот.

Цената за единица мерка не е потребно да се истакне кај претходно спакуваниот производ ако е еднаква со продажната цена на производот, како и за производите кај кои такви податоци со оглед на својствата на производите можат
или би можеле да предизвикаат забуна.

Ако со друг пропис е определено истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи, ќе се истакне цената за нето единица мерка.

Продажната цена мора да биде напишана на производот, односно амбалажата, на продажното место на производите, како и на производот во излогот. На производот, освен цената од ставот 4 на овој член, не смее да се истакнува друга
цена. Цената за единица мерка за претходно спакуваниот производ се истакнува на продажното место на производот.

Трговецот мора да се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба.

Одредбите од ставот 9 на овој член не се применуваат за јавна и аукциска продажба, продажба на уметнички дела и антиквитети, како и на производите кои се набавени при нудење на некоја услуга.