Многу луѓе се уште уживаат во варените јајца што им останале од Велигден, но не се ни свесни колку тоа може да биде опасно по нивното здравје, особено кога станува збор за труење со храна. Салмонелата е најчестиот облик на труење со храна, па затоа најдобро е јајцата веднаш по готвењето да се изладат и да се стават во фрижидер, доколку сакате да ги избегнете.
Доколку не сте го направиле тоа и сте ги оставиле варените јајца на собна температура, сте дозволиле опасните бактерии, меѓу кои и салмонелата, опасно да се размножуваат. Бактериите брзо се размножуваат на температури меѓу 4 и 60 степени Целзиусови, а тоа се нарекува опасната зона.
Просечната температура во станот е помеѓу 18 и 22 Целзиусови степени, додека во фрижидерот е значително пониска, што го забавува растот на бактериите.
Според податоците добиени од Центарот за контрола на болести во Америка, доколку ги оставите варените јајца на собна температура повеќе од 2 часа, можете удобно да ги фрлите. Ова правило од два часа важи за јајцата кои штотуку сте ги свариле, но и за оние кои сте ги извадиле од фрижидер.
Иако можеби верувате дека варените јајца се побезбедни од свежите, тие всушност се поподложни на бактерии бидејќи заштитниот слој на лушпата од јајцето се оштетува за време на процесот на готвење.
Јасен знак дека јајцата се расипани е мирисот. Ако почувствувате дека варените јајца имаат непријатен мирис кој потсетува на сулфур, веднаш фрлете ги.