Студија објавена во „Британскиот весник за исхрана“ покажа дека земањето рибино масло, особено кај постари жени, има ист ефект како и вежбањето.
Овој ефект се забележува исклучиво преку функциите на мозокот, како што е меморијата, а не преку физичката форма.
Додатоците на омега-3 масни киселини од риба во форма на масло во капсули содржеле 1.000 милиграми докозахеценонска киселина (DHA), многу важни за одржување на когнитивните функции.
Учесниците во студијата кои ги зедоа покажаа многу подобри резултати на тестовите за вербална меморија, односно за паметење на зборови и извршни функции, како што е планирање на одговор на прашање.
–Ниското ниво на физичка активност е голем проблем, особено кај постарите лица. Ова прелиминарно истражување даде охрабрувачки резултати кога станува збор за додатоци кои спречуваат когнитивно опаѓање, рече д-р Симон Диал од Универзитетот Роамптон.