Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски (66), кој ненадејно почина пред пет дена, е погребан во Алејата на великаните на загрепските гробишта Мирогој.

Семејството и пријателите денеска се простија од легендарниот Аки, а меѓу нив беа и бројни хрватски музички ѕвезди.

На ковчегот на Аки беше поставено македонско знаме, а беше изведена и македонската народна песната „Зошто си ме мајко родила“.

Многумина ги расплака говорот на неговата ќерка Дина:

Во една прилика ми рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал само под ѕвездите, рече Дина во својот говор.

Комеморацијата ќе се одржи утре, на 28 јануари, во 11 часот во малата сала на „Ватрослав Лисински“ во Загреб, за најтесниот круг на колеги и пријатели.

Денеска од Аки Ракимовски се простија и жителите на Скопје, а на плоштад „Македонија“ беше организирана комеморација посветена на познатиот македонски пејач кој за себе велеше дека „Македонија ја носи во срцето“.

ИЗВОРnovatv.mk
претходниот член,Златно правило при перење на волнени алишта: Како да им го продолжите животниот век
Следната статијаКаков make up да одберат жените со кафеави очи?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде