Утрово Љупчо Николовски – минситерот за земјоделство, водостопанство и шумарство заедно со Бранислав Недимовиќ и со колегите министри од Албанија и Република Српска, на царинскиот терминал „Делизе“, во Белград, остварија средба за согледување на практичната примена на придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“.

Воочено е дека нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури.

Тоа значи дека за само 24 часа македонските производи, македонскиот ајвар од извозот од Македонија стасува до полиците на маркетите во Србија, без чекање, без процедури, со признаени сертификати и без дополнителни контроли, стои во соопштението на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.