Директорот на Светската здравствена организација изјави дека заклучно со јануари бројот на заразени лица со КОВИД19 ќе достигне 100 милиони.
Сепак, експертите од СЗО сметаат дека вакцината против коронавирус може да го стави ширењето на вирусот под контрола.
Засега во оптег се вакцини од произведувачите „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „СПУТНИК V“.
Во Македонија вакцините против коронавирус уште не се пристигнати, а се очекува наскоро да се набаваат вакцини од „Фајзер“, преку КОВАКС системот и преку донации од соседните земји.