Невербалната комуникација сочинува поголем дел од нашата целокупна комуникација со другите луѓе. Луѓето меѓусебе повеќе комуницираат со гестови, мимики, пантомима, држење на телото и рацете отколку со зборови.
Не случајно луѓе кои се занимаваат со јавна професија посетуваат редовни обуки за тоа како да ги држат рацете, како да ја наместат положбата на своето тело, колку често да прават движење со рацете во рок од неколку минути и слично.
Секое движење на телото на поединецот испраќа некаква порака до оние кои сведочат на тоа движење, односно се некој вид на публика доколку станува збор за јавен настап.
Еве неколку совети како да препознаете колку луѓето веруваат и самите во она што го зборуваат:
- Кога човек ви зборува за одредена тема, погледнете го во рацете, очите и мускулите околу устата тие ќе ви откријат се
Може зборовите да бидат афирмативни и некој да ве убедува во тезата што ја изнесува, а всушност и сам да не верува во неа.
Кога човек упорно се труди да ви наметне некоја теза, да ве убеди или да ја стекне вашата доверба прво проверете дали и сам во тоа верува.
Критериумите за проверка се едноставни погледнете ја стабилноста на неговите дланки, дали нервозно прета со рацете, дали мускулите околу устата му се движат вообичаено и дали погледот му е фокусиран и сигурен.
- Спонтани движења се бесценети
Постојат луѓе кои имаат исклучителна контрола над своите движења и тие често може да ја скријат својата несигурност со примена на мали техники.
Со тоа прават класична мимикрија на сите недостатоци кои можете да ги забележите во нивната невербална комуникација доколку ги набљудувате.
Но сепак и контролираните движења се препознаваат, тие во себе ја немаат вообичаената спонтаност да излезат од контекстот кој некој сака да го наметне вештачки.
Доколку не сте сигурни дека комуникацискиот контекст во кој се наоѓате е спонтан, обидете се само да ја префрлите на кратко темата и да направите мали дигресии.
На пример додека некој ви зборува за одредена тема, уфрлете спонтано прашање на некоја сосема друга тема. Доколку драстично го смени изгледот, однесувањето, зборувањето тоа значи дека е изваден од контекст кој му е предвиден во мислите. Но доколку ви одговори на прашањето без никакви забележливи промени и продолжи со зборување без проблем на претходната тема, тоа значи дека некој е потполно искрен со вас.
- Допирот е многу важен
Во зависност од тоа во каква релација сте со некој (поблиска или подалечна) обидете се да правите допири со другите.
Доколку сте во далечна релација, професионална средба и слично, доволно е да го почувствувате стисокот на рацете. Луѓето кои не се искрени избегнуваат погледи, допири, или се што ќе ги задржи на одредена точка. Нив им е толку непријатно во дадениот контекст што тоа може да го препознаете по тоа колку се посветени на поздравот со вас, на погледот и колку се опуштени на местото каде што се наоѓаат.
Доколку сте во блиска релација со некој, тогаш правете допири со рацете или гушкајте се. Синхронизираноста на движењата ви потврдува дека некој е целосно предаден на ситуацијата и дека е тука и поврзан со вас.