Овој настан предизвика големо невреме и пристигнаа првите реакции на официјални лица од Америка и Европската унија.
Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден изјави дека Русија треба веднаш да го ослободи лидерот на опозицијата, Алексеј Навални.
–Навални треба веднаш да биде ослободен, а сторителите на невидениот напад врз него треба да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Саливан, идниот советник за национална безбедност на Бајден, во објавата на Твитер.
Според Ројтерс, се додава „дека нападот на Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права, туку е и навреда за сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас“.
Шефот на Европската комисија, Чарлс Мишел, го нарече апсењето на блогерот Алексеј Навални како недозволиво и ги повика руските власти да го ослободат.
-Апсењето на Алексеј Навални по неговото пристигнување во Москва е недозволиво. Ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат, напиша Мишел на Твитер.