Норвешка изрази голема загриженост за безбедноста на вакцината Фајзер за стари лица со сериозни здравствени проблеми откако проценетиот број на смртни случаи по вакцинацијата се искачи на 29 – пишува Тпортал.

Имено, уште шест нови смртни случаи беа додадени во саботата на вкупниот број смртни случаи поврзани со примање на вакцина за коронавирус.

Исто така, возрасната група на која вакцината може да дејствува на овој начин е намалена од 80 на 75 години. Норвешка досега вакцинираше околу 42 000 луѓе со единечна доза, а земјата се фокусираше на оние кои се сметаат за најзагрозени доколку се заразат со вирусот, кој вклучува стари лица.

До петокот, вакцината произведена од Pfizer и BioNTech SE беше единствената достапна во Норвешка и „така сите смртни случаи се поврзани со оваа вакцина“, соопшти норвешката агенција за лекови во писмениот одговор до Блумберг во саботата.

Сите пријавени смртни случаи беа поврзани со стари лица со сериозни здравствени проблеми, велат тие.

Повеќето луѓе ги доживеале очекуваните несакани ефекти на вакцината, како што се гадење и повраќање, треска, реакции на местото на инјектирање и влошување на општата состојба.