Почнувајќи од денеска граѓаните на Македонија ќе може да ги поминуваат границите со Србија ослободени од обврската да прикажат негативен ПЦР тест.
Иако Србија ги продолжи мерките за задолжителен ПЦР тест при влегување на територијата на Србија или задолжителен 10 дневен карантин, сепак владата на Србија одлучи да направи преседан во однос на граѓаните на Македонија.
Слободното движење на македонските граѓани во Србија и обратно и непречениот превоз на стоки на граничните премини е еден од целите на договорот за пријателство и соработка на државите од Западен Балкан склучен со поддршка на ЕУ.