Научниците од британската државна советодавна група забележаа дека новата мутација на вирусот корона побрзо се разви во доминантен вид на југот на Велика Британија и дека ситуацијата е слична низ целата земја.
–Сега веруваме дека оваа мутација се пренесува побрзо од другите варијанти на вирусот, рече Питер Хорби, професор по заразни болести на Универзитетот во Оксфорд. Постои индикација дека новиот вид има поголема склоност да ги заразува децата. Ќе мора да собереме повеќе податоци за да видиме како ќе се однесува во иднина.
Венди Баркли, професор по вирусологија, рече дека една од промените забележани во новата варијанта на вирусот корона е начинот на кој тој влегува во човечките клетки, што може да значи дека децата се подложни на овој вирус исто како и возрасните.