Регулаторите на ЕУ ја одобрија вакцината за коронавирус направена од компаниите Бајонтек и Фајзер.
Одлука на Европската агенција за лекови може да им овозможи на земјите да започнат вакцинации пред крајот на годината.
Одобрувањето на вакцината беше многу очекувано, бидејќи земјите од ЕУ се борат со влошување на вториот бран на вирусот корона, пишува „Дојче веле“, а пренесува „Новости“.
Вакцинацијата се очекува да започне низ цела ЕУ во рок од седум дена по одобрувањето.
Се очекува дистрибуцијата на вакцини до земјите-членки да започне на 26 декември, а условите за вакцинација да бидат утврдени од самите земји-членки.
Во меѓувреме, некои земји веќе имаат „закажано“ вакцинирање.
Франција ќе започне програма за вакцинација против ковид-19 во недела, на 27 декември, напиша денеска на Твитер министерката за здравство Оливија Веран.
Тој додаде дека најранливите членови на населението, како што се постарите граѓани, први ќе бидат вакцинирани.