Овој проблем редовно го среќаваат многу жени бидејќи заморот и стресот често оставаат видлива трага на лицето.
Темните кругови се последното нешто што сакате да го видите кога ќе се погледнете во огледало, а еве како можете да ги прикриете и да ги направите очните капаци помалку забележливи.
Проблемот најлесно се решава со здрав сон, но ако немате можност да го сторите тоа, следете ги едноставните правила за убавина кои ќе ви дадат свеж и одморен изглед.
Пијте повеќе вода
Хидратацијата е исклучително важна за сјајна и свежа кожа. Ова најдобро ќе го постигнете со зголемување на дневниот внес на вода и храна богата со омега-3 масни киселини, како што се ореви и риба. Навлажнувачите и серумите ќе придонесат за посакуваниот резултат, но тие не можат да ја заменат улогата на вода и здрава храна.
Избегнувајте темни сенки
Темните сенки во никој случај не се добар избор ако имате изразени темни кругови. Решението е бел молив за очи со светла нијанса на сенка, што ќе ја неутрализира темната боја на очните капаци.
Изберете розов тон за шминка
Крем и хидрантен коректор во топла нијанса на праска најдобро ќе ги скрие круговите под очите и ќе му даде свежина на вашето лице.