Иако групирањата се забранети, сепак конкретен протокол за здравствена заштита за време на божиќните и новогодишните празници не е објавен.
Во Македонија, за разлика од многу други земји, прославите нема да бидат забранети, а се очекува Комисијата за заразни болести да предложи протокол за организација на прославите за Нова Година и Божиќ.
Во периодот на слави и прослави почитувајте ги мерките за заштита и бидете одговорни. Славите, прославите и семејните собири беа причина за влошување на епидемиолошката состојба за време на првиот бран, да не дозволиме тоа повторно да се случи. Заштитете се себе си и сите околу вас, напишша Венко Филипче на својот фејсбук профил.