Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулај имал намера да ја нападне католичката црква и во центарот на Виена.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека очигледно терористот имал намера да ја нападне црквата, следејќи го примерот на атентатот во Ница.
Виенскиот дневен весник „Кронен Цајтунг“ истакнува дека 17 деца избегале од смртта поради чиста среќа. Терористот, Албанец од Македонија, се обидел да влезе во црквата каде што се молеле младите, но не успеал во тоа, бидејќи вратите на храмот биле заклучени.
Имено, црквата има направа што ги заклучува сите врати во одредено време. Само неколку секунди подоцна, Фејзулај беше убиен пред црквата.