Дека епидемиолошката состојба во Македонија ќе почне да се стабилизира се предвидувањата на министерот за здравство Венко Филипче:
–Полициски час нема да промени ништо, нема ниту други нови превентивни мерки за спречување на заразата, оти досегашните давале резултати, ситуацијата со коронавирусот во Македонија е стабилна, есенскиот бран минатата недела го достигнал пикот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.