Европската комисија препорача брзите тестови за откривање на коронавирусот да се користат главно кај луѓе што покажуваат симптоми.
– Брзите анагени тестови треба да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите или во рок од седум дена по контакт со лице заразено со ковид-19. Што се однесува до можноста за употреба на брзи тестови кај асимптоматски лица, треба да се има на ум дека податоците за нивната ефикасност во овој контекст се многу ограничени – се наведува во необврзувачка препорака до владите на ЕУ.