По ветото од бугарската страна се огласи премиерот на Македонија, Зоран Заев кој нагласи дека ќе се бори за изнаоѓање на решение, но дека македонскиот јазик и народ се непобитен факт и околу тоа никој во ЕУ нема да спори:
–Македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и во Бугарија знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност и придобивка. Моја должност е да не се откажуваме и да стигнеме до решение затоа што нашиот народ очекува да најдам решение, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.