Основното јавно обвинителство има отворено два случаја за стечајот на „Еуростандард банка“, соопшти државниот обвинител Љубомир Јовевски за време на Надзорната расправа во Комисијата за финансирање и буџет како одговор на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Јовевски не откри многу детали за истрагите, за да не го загрози истражниот процес и засегнатите.