Победа на македонската фудбалска репрезентација во моменти кога е најпотребно за национално обединување и кураж.
Пласманот на Европско првенство е светла точка во моментите кога се соочуваме со епидемија, нова реалност, национално оспорување од Бугарија, со ново уставно име и со пораст на евроскептицизмот.
Лутината, гневот и стравот магично беа заменети со еуфорија, радост и катарза а за тоа беше потребен само еден гол, само еден Горан Пандев, само една фудбалска репрезентација.
За среќа е потребно малку, за гордост уште помалку, ако гордоста имаше лик, таа ќе изгледаше вака: