Вредноста на дијамантот, кој беше продаден вчера, се проценува на помеѓу 23 и 38 милиони долари.
Овој овален дијамант, именуван по легендарниот балет од Вацлав Ниџински, бил ископан, исечен и полиран во Русија, јави ТАСС, пренесува Срна.
Дијамантот во овална форма е направен од најголемиот розов дијамант пронајден во Русија, кој имал 27,85 карати.
Аукциската куќа посочува дека неговите неспоредливи квалитети го прават најголемиот дијамант што некогаш се појавил на една аукција.