Додека македонските власти деновиве водат интензивни преговори со владините претставници на Бугарија за решавање на недоразбирањата, се поголем број наши сограѓани од Битола и од другите градови во Македонија чекаат во редици пред бугарскиот конзулат во Битола, како што се забележува на фотографијата направена претпладнево.
Пред Конзулатот на Бугарија десетици млади луѓе од повеќе македонски градови во колона чекаа да поднесат документи за добивање на бугарски пасош.