Унгарските војници ќе бидат вклучени во спроведувањето на новите регулативи за полициски час, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан преку видео на Фејсбук рече дека се консултирал со министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер и министерот за одбрана Тибор Бенко за вклучување на армијата за спроведување на полициски час и одржување на јавниот ред и мир и, каде што е можно, да го намали притисокот врз здравствените служби поради пандемијата на вирусот корона.