–По повод 11 Ноември, Ден на градот се сретнавме со Градоначалникот на општина Гњилане, Република Косово Љутфи Хазири, со цел потпишување на Договор за збратимување на општините. Овој Договор е резултат на традиционално добрите односи помеѓу двете општини и долгогодишната успешна соработка во развојни проекти и програми за меѓусебен развој и унапредување на економските и културните односи. Претходно, присуствувавме на традиционалната изложба на кумановски ликовни уметници, на која учествуваа единаесет академски ликовни уметници (сликари, графичари, вајари) од градот, објави градоначалникот Максим Димитриевски на својот фејсбук профил.
Неговата одлука да ги пренамени средствата за одржување на концерт по повод Ден на ослободување на градот 11ти Ноември во обезбедување на финансиски средства за набавка на таблети и електронска опрема за непречено реализирање на онлајн настава, наиде на позитивни реакции во јавноста, а некои прогнозираа дека со тој гест Максим Димитриевски си обезбеди уште еден мандат на градоначалничкото место на општина Куманово.